Pages

Friday, April 6, 2012

Harry Potter

Хари Потер е серијал од седум фантастични книги напишани од британската авторка Џ. К. Роулинг. Книгите ги следат авантурите на адолесцентниот волшебник Хари Потер и неговите најдобри пријатели Рон Визли и Хермиона Гренџер, од кои сите се ученици во училиштето за магии и волшебништво Хогвортс. Централното дејствие се сосредоточува околу борбата на Хари со злобниот волшебник Лорд Волдеморт, кој ги убил родителите на Хари во походот да го освои волшебничкиот свет и да го потчини неволешбничкото општество. Направени се неколку успешни филмови, видеоигри и други разновидни трговски производи базирани на серијалот.
Сè од издавањето на првиот роман Хари Потер и Каменот на мудроста во 1997, книгите имаат стекнато неизмерна популарност, критичко одобрување и рекламен успех низ целиот свет. Заклучно со јуни 2008, продадени се над 400 милиони примероци од целиот серијал кој е пак преведен на 67 различни јазици, а последните четири книги имаат поставено рекорд на најпродавани книги.

 Ова се книгите Хари Потер:
Хари Потер и Каменот на мудроста
Хари Потер и Одајата на тајните
Хари Потер и Затвореникот од Азкабан
Хари Потер и Пламениот пехар
Хари Потер и Редот на фениксот
Хари Потер и Полукрвниот Принц
Хари Потер и Реликвиите на смртта